„Невакцинираните може да завршат во болница“, Филипче најави рестрикции ако има нов бран

од Берта Китинска
221 прегледи

Треба граѓаните да се свесни, дека ако не се вакцинираат, може да завршат во болница и да бидат со тешки компликации, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

„Ја следиме внимателно состојбата и ќе преземаме мерки доколку тоа е неопходно. Детектирани се уште пет нови случаи на индискиот сој. Три се од Скопје, еден од Куманово и Тетово. Ако се соочиме со нов бран, ќе има рестрикции од септември. Не можеме да страдаме, ако некој не се вакцинира. Висок процент од заразените се невакцинирани, а се уште сме далеку од колективен имунитет од 80 проценти “, истакна Филипче.

5 нови случаи со делта

Три случаи има во Скопје и по еден во Куманово и во Тетово кај кои е детектирана делта варијантата соопшти денеска министерот за здравство венко Филипче.

Кај овие лица, како што истакна Филипче, делат сојот е детектиран во текот на последнава недела, но потенцираше дека во земјава има и други мутации на корона вирусот.

Каде има најголема, а каде најмала заинтересираност за вакцинација?

Слаба заинтересираноста на граѓаните за вакцинирање, покажуваат податоците што ги објави Министерството за здравство.

ГРАДОВИ СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ ВАКЦИНИРАНИ:
-Кавадарци – 43.5%
-Охрид – 42.9%
-Гевгелија – 41%

ГРАДОВИ СО НАЈМАЛ БРОЈ ВАКЦИНИРАНИ:
-Дебар – 17.3%
-Тетово – 17.1%
-Кичево – 15.8%

Од минатата недела почна и вакцинацијата без закажан термин, а од вчера и имунизацијата на децата од 12 до 17 години. Од МЗ информираат дека се вакцини 500 деца. Досега вкупно 1.800 деца се пријавиле за да ја примат вакцината.

Слични содржини