Фудбалерите на Ливерпул успеаја да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите со победа од 3:2 на гостувањето кај Виљареал, со што ја чекираа картата за „Стад де Франс“ на 28-ми мај.
По победата на првиот натпревар со 2:0, Ливерпул беше подобар во реваншот по пресвртот.
Избраниците на Јирген Клоп беа на работ од бездната кога по првите 45 минути Виљареал водеше со 2:0 головите на Ди во 3 и Кокелан во 42 минута. Сепак, следеше пресврт кога гостинскиот тим постигна три гола за 12 минути.
Фабињо најави пресврт во 62. минута, Дијаз во 67-ма израмни, а Мане ја заврши работата во 74-тата минута.
Домашните останаа со играч помалку до крајот на мечот бидејќи втор жолт доби Капуе.
Противникот на „Црвените“ ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, а првиот меч го добија Англичаните со 4:3.