Неверојатен рекорд: Харден со 60 поени и „трипл-дабл“

од Vladimir Zorba
214 прегледи


Џејмс Харден реализира фантастични 60 поени и заврши со „трипл-дабл“ во победата на Хјустон над Орландо со 114:107 во натпревар од регуларната сезона во првенството на НБА. Ѕвездата на „ракетите“ стана првиот играч во историјата на НБА, кој стигна до „трипл-дабл“ со означени 60 поени во еден натпревар. Тој додаде 10 скокови и 11 асистенции.

28-годишниот Харден постигна 18 поени во последната четвртина, за да го подобри клупскиот рекорд на Калвин Марфи од 57 поени во еден дуел од 1978 година. Тој играше 46 минути против Орландо.

По 107: 107 на 3:36 минути пред сирената домаќините направија серија од 7 поени, за да стигнат до успехот. Харден постигна кош, а при преостанати 45.4 секунди реализира и тројка.

Шестмина играчи на Орландо завршија со двоцифрен број на поени, а најпрецизен со 17 беа Марио Хезоња и Мариз Спајтс.

Резултати од НБА:

Вашингтон – Оклахома Сити – 102: 96
Њујорк Никс – Бруклин – 111: 95
Торонто – Минесота – 109: 104
Детроит – Кливленд – 125: 114
Хјустон – Орландо – 114: 107
Њу Орлеанс – Сакраменто – 103: 114
Сан Антонио – Денвер – 106: 104
Јута – Голден Стејт – 129: 99
Лос Анџелес Клиперс – Портланд – 96: 104.

Слични содржини