НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА : Телескоп сними како изгледа ѕвезда кога умира (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
419 прегледи

Сликите направени од телескопот „Џејмс Веб“ ги прикажуваат последните фази од животот на ѕвезда, таканареченото бело џуџе, оддалечена околу 2.600 светлосни години од Земјата.

Сликите објавени од меѓународен тим на астрономи покажуваат кружна структура со дупка во средината, наречена прстенолика небула.

Небула е термин кој се користи за ѕвезда која го исфрла својот материјал во вселената во моментите на умирање, кога произведува прстени со живописно обоени, меурчиња кои се шират и пукаат, како и облаци и прашина.

Како што пренесува „Гардијан“, слична судбина го чека Сонцето за неколку милијарди години.

Објавените фотографии ја покажуваат не само структурата на небулата, туку и внатрешниот регион околу нејзината централна бела џуџеста ѕвезда, масовно густа ѕвезда приближно со големина на планета.

„Се очекува ѕвездите како Сонцето да ги завршат своите животи во фазата на бело џуџе со фрлање на нивните надворешни обвивки, кои потоа формираат прекрасни планетарни небули кои се осветлени од зрачењето од нивните жешки централни ѕвезди или бели џуџиња“, рече почесниот професор по физика и Астрономија на Универзитетот во Лондон и водач на астрономскиот тим Мајкл Барлоу.

Шарените појаси во маглината се создадени од хемиски елементи кои емитуваат светлина на различни бранови должини.

Со анализа на сликите, астрономите се надеваат дека ќе научат повеќе за сложените процеси кои создаваат маглински структури и животниот циклус на ѕвездите и елементите што тие ги фрлаат во вселената.

Слични содржини