Неверојатна изведба: The Weeknd го „запали“ Супербоулот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Музичарот на The Weeknd, ги оправда сите очекувања со својот настап вечерва на полувремето од Супербоулот.

За нешто помалку од петнаесет минути, The Weeknd настапи со своите најголеми хитови – “Earned it”, “Cant feel my face”, “Starboy”, “Blinding lights”, “I Feel It Coming”, “The Hills” и “Save Your Tears”.

Музичарот го започна својот настап во автомобил, настапувајќи пред футуристичкиот Лас Вегас и нешто што ги потсети корисниците на Твитер на меѓугалактичкиот сенат од филмот „Војни на Sвездите“.

„Викенд“ е првиот канадски музичар во историјата што има чест да настапи на полувремето на овој престижен спортски настан. Како што објави претходно, тој излезе на сцената сам, без некои специјални гости на изненадување.

Првите реакции на перформансот се исклучително добри.

Корисниците на Твитер наведуваат дека тој имал одличен настап и дека го „запалил“ стадионот во Суперболот. Многумина го споредуваат со најголемиот музички уметник во новото време, Мајкл Џексон.

Слични содржини