На кинеска двојка чијшто тогашен двегодишен син бил киднапиран од хотел во 1988 година, детето им се вратило по цели 32 години.
Мао Јин бил киднапиран кога имал само две години, откако неговиот татко отишол по малку вода. Неговите родители започнале обемна потрага по малото дете низ целата земја и дистрибуирале повеќе од 100.000 флаери, сите без никаква корист. Тие беа обединети вчера, а денес 34-годишниот маж изјави дека има намера да помине некое време со своите родители.
„Би сакал да им се заблагодарам на десетиците илјади луѓе кои ни помогнаа“, рече мајката на момчето, Ли Жинџи.
Мао е роден на 23 февруари 1986 година. Тој беше, опишан од неговата мајка како „многу бистро, слатко и здраво дете“, пренесува Би-Би-Си.
Целата приказна прочитајте ја на следниот линк: https://www.bbc.com/serbian/lat/svet-52725656