Неверојатна приказна: Пристигна во Јунајтед на 16 години, дебитираше на 35

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Голманот на Манчестер Јунајтед, Том Хитон, дебитираше за клубот од „Олд Трафорд“ на 35 години, иако во клубот пристигна како 16-годишник.

Хитон помина три години во младинскиот тим на Јунајтед, пред да биде префрлен во првиот тим. Сепак, член на првиот тим беше само на хартија, бидејќи цело време го мина на позајмица. Тој замина во Свиндон, Антверпен, Кардиф, КПР, Рочдејл и Вајкомб за да потпише за Кардиф Сити по истекот на неговиот договор.

По Кардиф, Хитон беше член и на Бристол, од каде замина во Барнли и ги мина седумте најдобри сезони во кариерата. Тој четири години беше прв голман во Барнли, од кои тимот помина две сезони во Чемпионшип и две во Премиер лигата.

На почетокот на сезоната 2017/18, Хитон заработи тешка повреда на рамото поради која го пропушти остатокот од сезоната, пред да се пресели во Астон Вила, но таму заработи и тешка повреда на коленото, која го одвои од теренот за седум месеци.

На крајот од кариерата добил покана од својот прв клуб да ја игра улогата на трет голман, што Хитон ја прифатил, а на мечот со Јанг Бојс доби можност да ја чува мрежата на Манчестер Јунајтед во последните дваесет минути. За тоа време, Хитон успеа да ја сочува недопрена својата мрежа и да го оствари детскиот сон.

Интересно е и тоа што Том Хитон трипати бранеше за репрезентацијата на Англија, а можност да дебитира за Јунајтед доби дури минатата вечер.

Слични содржини