Неверојатната кариера на Попович завршува: Спарс го губат својот легендарен тренер

од Љубиша Владимиров
12 прегледи

Легендарниот тренер на кошаркарскиот тим на Сан Антонио Спарс, Грег Попович, повеќе не е тренер на клубот, потврдува познатиот спортски инсајдер Шамс Чаранија. Ова е крај на една неверојатна 29-годишна кариера, која се одвиваше во рамките на НБА, и по која Попович остави длабока трага како еден од најдобрите тренери во историјата на кошарката.

Попович, кој има 76 години, ја напушта тренерската позиција по серија здравствени проблеми, вклучувајќи и мозочен удар, но тоа не значи дека целосно се разделува од клубот. И покрај што повеќе не е главен тренер, Попович ќе продолжи да игра важна улога во организацијата на Спарс, каде што ќе ги надгледува клучните сектори како што се финансии, маркетинг, односи со јавноста и продажба на билети. Според изворите, тој ќе продолжи да има активна улога во деловниот развој на франшизата, бидејќи, како што велат, “тој го познава клубот подобро од секој друг.”

Грег Попович започна својата тренерска кариера уште како млад асистент тренер во Спарс, а неговиот пат го продолжи во Голден Стејт пред да ја преземе главната улога во Сан Антонио во 1996 година. Неговото време на чело на тимот беше обележано со големи успеси, вклучувајќи пет шампионски титули. Покрај тоа, тој беше трипати избран за тренер на годината и четири пати беше главен тренер на Ол-стар натпреварот.

Неговиот успех не се ограничува само на НБА, бидејќи, како главен тренер на американската кошаркарска репрезентација, Попович освои златна медалја на Олимписките игри во Токио 2021 година и бронзана во Атина 2004 година. Со овој значаен чекор, Сан Антонио Спарс го губат еден од најголемите тренери во историјата, но Попович останува во срцето на франшизата, спремен да го продолжи своето влијание и да помогне во понатамошниот развој на тимот.

Слични содржини