Ако мислите дека го знаете совршено своето тело, тогаш сте во голема грешка! Човечкото тело е уникатно и среќава предизвици секој ден од својот живот. За да реагирате добро на нив е корисно да знаете некои особености на телото, како и тривијалности. 
Подготвивме неколку за вас:
- Отпечатокот на јазикот е апсолутно уникатен!
- Едно влакно од косата може да ја издржи тежината на едно јаболко, без да се скине. Но научниците не наведуваат колку големо може да е јаболкото.
- Бројот на бактериите во устата на човек е колку бројот на луѓето што живеат во земјата. А можеби и повеќе.
- Брзината на еден нервозен импулс е околу 400 километри на час.
- Всушност видовите крвни групи не се 4, како што сме навикнати да размислуваме, туку цели 29! Најреткиот вид припаѓа на субтипот Бомбај, кој се среќава во мала група на семејства во Јапонија.
- Во рамките на еден ден само крвта во телото ни поминува растојание од 19 312 километри!
- Целосната должина на нервите во човечкото тело е 75 километри.
- Еден човек прави во просек околу 20 000 вдишувања на ден.
- Речиси сите луѓе во светот имаат во трепките си кожни грини, наречени демодекс.
- Човечкото око може да разликува околу 10 милиони различни бои, но нашиот мозок не може да ги запамети.
- Човечкото срце чука 35 милиони пати за една година.
- Секој ден нашето тело губи околу 2 милиони кожни клетки или 2 килограми годишно.
- Просечно човек троши околу 35 тони храна за целиот свој живот.
- 100 000 хемиски реакции се одвиваат во човечкиот мозок секоја секунда!
- Брзината на кивавицата ни е 160 километри на час.
- Насмевката напрегнува 17 мускули на лицето, додека плачот 43. Значи, насмевнувајте се повеќе!
- Површината на белите дробови е еднаква на еден тенискорт.
- Бебињата сонуваат уште пред да се родат.
- Луѓето се единствените примати кои немаат пигментација на дланките.
- Фетусот има отпечаток на прстите на 3 месеци.
- Децата растат побрзо во пролет.