Неверојатни љубовни мигови запечатени на фотографија

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Веренички прстен, убава облека, некаде на плажа, мириса на љубов …. Мигот во кој омилениот маж го става свршеничкиот прстен на раката на својата избраничка е високо очекуван или барем за повеќето дами. Секој момент е посебен и ако има како да биде запечатен, би било прекрасно, бидејќи моментите не се повторуваат.
Забавниот сајт boredpanda.com сподели дел од колекцијата слики на junebugweddings.com, претставувајќи ја свршувачката или свадбениот ден на вљубени парови. Тоа се сликите кои се најдоа во листите најдобри за 2017-та година.