Навивачите на фудбалскиот клуб Партизан испратиле порака до нивните уапсени водачи Вељко Беливук и Марко Миљковиќ за време на натпреварот помеѓу Милан и Црвена Ѕвезда.
Во текот на првата половина од дуелот меѓу белградските црвено-бели и италијанските росонери, навивачите на Партизан собрани под групата „Гробари Цирих“ се појавиле пред стадионот во Милано и испратиле порака за поддршка до Миљковиќ и Беливук.
Фотографиите објавени на страницата „south.side1970“ покажуваат група од околу 15 млади момци кои стојат пред стадионот во Милано со транспарент на кој пишува:
„Цирих испраќа поддршка, уапсени браќа, онаму каде што застанавте, продолжуваме!
На истиот профил било објавено „стори“, на која биле прикажани графити со порака „Веља и Маре се најсилни глави“, со потпис „Виенски гробари“.
Потсетуваме, Беливук и Миљковиќ беа уапсени во голема полициска акција, при што вкупно 19 лица беа лишени од слобода под сомнение дека сториле голем број кривични дела, вклучувајќи убиство, киднапирање, трговија со дрога.