НЕВЕРОЈАТНО! Играч од седма лига го одби Тотенхем!

од Vladimir Zorba
343 прегледи

Тотенхем во последниот ден од преодниот рок се засили со двајца играчи на Јувентус, Родриго Бентакур и Дејан Кулушевски, но не успеа да доведе еден друг играч.

Она што најмногу го шокираше Островот е тоа што фудбалерот кој моментално настапува во седмиот ранг на натпреварувањето, Оли Танер (19), одбил да се приклучи на лондонскиот тим.

Младото лево крило беше една од главните мети на „петлите“, но тој ја одби понудата бидејќи не бил задоволен од понудените услови.

Затоа се огласи неговиот клуб Левес и потврди дека Танер го одбил тимот на Тотенхем.

– Фудбалскиот клуб Левес потврдува дека Танер останува наш играч. Оли и клубот од Премиер лигата не можеа да се договорат за условите за соработка – соопштија од Левес.

Танер има 19 години и игра како лево крило.

Слични содржини