Неверојатно -Иванов ги обвини новинарите за состојбата во медиумите

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Молчеше, молчеше,  го немаше па се појави и кажа- Не притисоците, не власта, не отказите, отпуштањата, затвoрањата, судењата, линчот и прогонот на неистомислениците,  праќањата венци и палење автомобили, претепувања- НЕ тоа , туку новинарите биле сами виновни, а тоа сѐ друго дека било лошо,  било само перцепција!? Тоа  е мислата на претседателот Иванов кој некогаш беше и во улога на новинар и професор, критичар на власта,  ама тогаш не беше претседател. Кога гостувал кај поганите новинари кои шират говор на омраза тогаш собирал гласови, а сега како претседател доаѓа во Телма затоа што не му требаат гласови и тоа е коректна телевизија- така некако се сумира неговото вчерашно интервју на Телма.

ivanov_top_tema_4Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, вчера  ги обвини новинарите за падот на слободата на говор во Македонија и во интервју за телевизија „Телма“ рече дека самите новинари се виновни за лошата состојба со медиумите во земјата, но никако не го спомена премиерот Груевски и неговата влада дека вршат притисоци и прават селекција, поддржуваат свој  тип на медиуми преку владиното рекламирање, а од друга страна Иванов вели дека е испоганет просторот  како пораки од јавно WC!?

Исто како во судството, рече тој, каде самите судии се виновни за забелешките и извештаите каде се нотира нивната пристрасност, така и со новинарството, секој е одговорен за областа во која работи, посочи Претседателот.

Иванов одговори на прашање на новинарот кој потсети дека Македонија никогаш полошо не се котирала на ранг листите на меѓународните организации за слобода на говор.

„Самите медиумите треба да се изборат да го имаат европскиот стандард. Извештајот на „Фирдом хаус“ е перцепција, не се темели на факти и документи туку се мери и се менува. Тоа е перцепција создадена од наши медиуми. Ако состојбата со судството е лоша тогаш судството треба да направи напор да се подобри, исто е и со медиумите“ – рече Претседателот.gorgeivanov-521x320

Новинарот на тоа праша дали тој сака да каже дека врз медиумите не се врши политички притисок, на што Иванов повторно ги нападна новинарите.

„Медиумите мораат да си го чуваат своето достоинство, не долилкува да имаме новинари како овие. Каде се тие што велат дека им била ускратена слободата на изразување? Каде се оние кои велат дека ова е диктатура? Самите да донесеме оценка за себе, а да не очекуваме другите да не оценуваат. Медиумите се одговорни за тоа како се рангирани, секој си одговара за себе, во демократија не зависи сѐ од политичарите. Какви ни се медиумите и со какви кадри располагаат си има еснаф и треба да се огради од новинарите кои залутале “– порача тој.

Претседателот на државата при тоа инсинуираше дека состојбата во медиумите наликува на анархија.

„Не ги знаеме сѐ уште принципите како функционираат медиумите во демократско општество. Едно е демократија друго е анархија. Секој си е одговорен за состојбата во својата област“ – додаде тој.

На прашањето на новинарот зошто гостувал во емисија чиј водител постојано шири говор на омраза, шефот на државата одговори дека во емисијата гостувал за време на изборна кампања кога, рече, е важен секој глас од избирачите.

„Јас не сум Баба Ванѓа за да знам дека ОБСЕ подоцна ќе го обвини “ – рече тој.

Од друга страна заклучи дека сега, кога веќе е претседател избран од народот, дошол во Телма затоа што немало говор на омраза.