Неверојатно! Со оваа апликација ќе се збогатувате по секој чекор

од desk3
129 прегледи

Дали ви се допаѓа да одите? Невообичаената апликација Sweaticon е рожба на емигрант од Русија – Олег Фоменко. Програмата буквално ги претвора чекорите на корисникот во виртуелни пари. На секои 1000 чекори апликацијата прави “плаќање” – 0,95 SWC (така се нарекува внатрешната валута). Програмата користи вградени алатки на iPhone – геолокатор и брзиномер.

1472999626-76fe0bf873

Во моментот и за жал – апликацијата е достапна само за корисниците на iPhone, кои живеат во САД и Велика Британија. Најпријатна е акумулацијата на пари, кои потоа корисникот може да ги користи во продавницата Sweaticon во кој се нудат различни услуги и стоки на партнерите на проектот. На пример може да се плати за фитнес, за купување на хај спортски чевли и облека, уреди, итн

Покрај тоа заработените пари со одење можат да бидат дадени во добротворни цели. Како што укажуваат авторите на проектот, да се заработат пари со одење е сосема можно. Во иднина програмерите сакаат да го врзат курсот на надворешната валута Sweaticon кон британската валута и да го прошират проектот во географски план.

Олег Фоменко вели дека сака да го провоцира интересот и на работодавачите кои можат да обезбедат сопствена награда за најподвижните во канцеларијата. Тоа е вистински поттик да се води здрав начин на живот.