Заканувачко ли е неверството, се обидуваат да откријат специјалисти од Британија.Според нивно истражување, луѓето имаат тенденција да изневеруваат откако ќе достигнат одредена возраст.
Резултати од анкетата покажуваат дека тоа е “најверојатно” кога човек достигне 39 години, пишува “Дејли стар”.
Анкетата е подготвена од сајт за вонбрачни состаноци Illicit Encounters. Неодамнешна анкета спроведена во Канадски дејтинг сајт на семејни и врзани луѓе “Ешли Медисон” утврди дека со приближувањето на тркалезната годишнина кај претставниците на посилниот пол се забележува зголемена склоност кон неверства.
Според резултатите тогаш станува јасно дека мажите кои се приближуваат тркалезната годишнина – 29, 39, 49 или 59 години се најсигурните корисници на сајтот и почнуваат да бараат други дами.
Студијата на Illicit Encounters го потврдува тоа, додавајќи дека истото правило важи и за претставничките на понежниот пол. Излегува дека кај жените исто годините околу и “9” се најопасни и најсилно се покажа тоа кај дамите на 39. Следуваат 49-годишните и 29-годишните.
А што се однесува до причините за неверство, тоа е недостаток на разновидност во семејната спална, досада со актуелниот партнер и недостаток на промена кај двајцата.