Неверување кај кошаркарите од НБА лигата по веста за смртта на Коби Брајант

од Vladimir Zorba

Веста за трагедијата во која вечерва животот го загуби Коби Брајант, една од најголемите ѕвезди во историјата на НБА лигата,со неверување се прошири и кај играчите од најсилната кошаркарска лига.

Меѓу другите на Твитер се огласија:

Демијан Лилард од Портланд: Леле!

Мајк Конли од Мемфис: Не човеку!

Ману Џинобили, легенда на Сан Антонио: Уништен!

Андре Драмонд од Детроит: Ова не може да е вистина!

Лука Дончиќ од Далас: Ове не може да биде вистина!

Џамал Крафорд: Нема шанси, нема шанси,… Те сакам Коби!

Двејн Вејд: Неееее, Господе те молам, не!

Шекил О`Нил: Нема зборови со кои можам да ја искажам болката што ја чуствувам од оваа трагедија, од губењето на мојата внука Џиџи и мојот брат Коби Брајант. Те сакам и ќе недостасуваш!

Пол Гасол: Уништен … мојот голем брат … Не можам, не можам да поверувам

Скоти Пипен: Јас сум вџашен.Неверојатно тажен и трагичен ден.

Тони Паркер: Срцето ми е скршено. Беше вистинска легенда и пријател. Почивај во мир!

Џоел Ембид, Филаделфија 76ерс: Почнав да игра кошарка поради Коби, откако го гледав финалето во 2010 година. Тоа финале беше пресвртна точка во мојот живот. Сакав да бидам како Коби. Премногу сум тажен сега.

Ова се само дел од реакциите на сегашни и поранешни НБА играчи по веста за смртта на Коби Брајант.

Слични содржини