89
Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Гари Невил, даде изјава што ги изнервира навивачите на „Црвените ѓаволи“.
Поранешниот дефанзивец, кој моментално работи како аналитичар за „Скај Спортс“, изјави дека откако Ливерпул вчера ја освои својата дваесетта титула, дебатата за тоа кој е најголемиот клуб во Англија е завршена.
„Црвените“ се изедначија со своите најголеми ривали по титули, но успесите на „црвените“ во Европа се далеку позначајни.
„Болно е, за жал, што дебатата сега е завршена“, одговори Гари Невил кога беше прашан кој е најголемиот клуб во Англија.