Фудбалерите на Манчестер Сити денеска мора да го одиграат мечот на својот живот доколку сакаат да го елиминираат Реал Мадрид и да играат втора година по ред во финалето на Лигата на шампионите, сигурен е аналитичарот на „Скај Спортс“, Гери Невил. Поранешниот англиски репрезентативец е категоричен дека Шпанците се најопасната репрезентација на овој турнир и се на ова ниво поради искуството стекнато со децении.
„Манчестер Сити има огромен натпревар пред себе. Противник е Реал Мадрид и се повеќе наликува на меч за титула во тешка категорија во професионалниот бокс. Еднаш на неколку години гледаме марш до финалето, сличен на оној на Реал Мадрид – историски силен тим, кој едноставно не се предава. Тие веќе неколку пати беа надвор од турнирот со една нога (против ПСЖ, Челси и сега против Сити), но одбиваат да загубат. Мислам дека Пеп најмногу се плаши од тоа“, рече Невил за „Скај Спортс“.
„Колку добро и да играат со Сити, колку и да играат фудбал, колку и да играат топка, против нив во среда ќе излезе многу опасен ѕвер. Никогаш не се откажува, никогаш не запира и нема слободни денови. Тоа е она што ги чека. И додека на Ливерпул му требаше само гол против Виљареал, играчите на Сити треба да го одиграат натпреварот на својот живот на Бернабеу. Овој натпревар ќе има огромно влијание врз остатокот од сезоната за Сити. Ако испаднат вечерва, тоа ќе ги исцрпи психички, бидејќи нивната голема цел, големата цел на Пеп Гвардиола е да го освојат овој трофеј. Ги очекува многу, многу важен натпревар“.
„Лично, моето мислење е дека Сити ќе оди напред. Сепак, никогаш не би го отпишал Реал Мадрид поради исклучителната издржливост што ја покажаа играчите на овој тим. Се чинеше дека се целосно завршени на „Етихад“, каде Сити можеше да наниже дури шест гола. Овој клуб има нешто посебно што Сити го нема – духот на Лигата на шампионите. Сè уште им е тешко на овој турнир, а навивачите сè уште се навикнуваат на успехот на ова ниво. Поразите против Челси лани можеби ги мотивира, но против Реал Мадрид ќе им треба се и уште повеќе. Тоа им успеа против Атлетико, но битката против Реал ќе биде крвава“.
„За мене Сити е фаворит затоа што сум убеден дека ќе дава голови на Бернабеу. Челси го направи тоа, а Сити игра уште подобро. Тие си подаваат одлично, а кога ќе го направат тоа против тим, понесен во нападот од нивните навивачи, нема начин да немаат позиции. Во овој поглед, разликата може да ја направи Кевин Де Бруин. На првиот меч беше неверојатен, но ќе мора така да игра и на реваншот. Ова е неговиот момент. Де Бруин отсекогаш бил почитуван и сакан од сите во Премиер лигата. Задоволство е да се гледа, но во Лигата на шампионите мора да подигне уште едно ниво. Мора да го постигне победничкиот гол на Бернабеу и конечно да се наметне како талент од највисоко ниво. Ова е навистина негов момент“, истакна Невил.