Невил: Ќе биде трагедија ако Де Јонг заврши во Челси наместо во Јунајтед

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг наскоро ќе треба да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Барселона сака да го продаде и да добие пари кои би им помогнале да регистрираат нови играчи, додека Холанѓанецот не сака да се откаже од 18-те милиони евра што клубот му ги должи на име намалени приходи поради Ковид, во изминатите сезони.

Во целата приказна се вклучи и Челси и е подготвен да му понуди излез – двете страни постигнаа договор за трансфер вреден 80 милиони евра, но се чека одговорот на Де Јонг.

Во целата приказна, најголем губитник би можел да биде Манчестер Јунајтед и неговиот менаџер Ерик тен Хаг, кој летово ги вложи сите карти во доведувањето на Де Јонг.

Доколку се случи фудбалерот на Барселона да го избере Челси поради Лигата на шампионите, тоа ќе биде голем минус за сите од „Олд Трафорд“, како што вели поранешниот капитен на клубот Гери Невил.

„Ако Јунајтед не го донесе, штета е, но ако оди во Челси, тогаш тоа е трагедија. Да не сакаше да дојде, верувам дека работата одамна ќе беше напуштена. Врската на Де Јонг со сегашниот тренер, сигурно постоела некаква комуникација, почекаје ме, доаѓам“, вели Невил.

Тој додава дека наскоро ќе го видиме исходот, но изгледите на Јунајтед не се толку добри.

„Имаме три можни сценарија. Прво, Де Јонг доаѓа во Јунајтед и клубот делува паметно и трпеливо. Второто е дека тој останува во Барселона и останува срамот бидејќи луѓето од Јунајтед ризикуваа се со него и немаат друго решение. Имаат дупка во тимот, ја почнуваат сезоната со Фред и Мектомини, што остава впечаток дека не знаат како да ја завршат работата. Третата опција мислам дека не треба ни да се размислува. Доаѓа во ривалски клуб во Премиер лигата и ќе игра против менаџер со кој соработувал во минатото“, рече Невил.

Што ќе се случи останува да видиме, но часовникот на „Камп Ноу“ отчукува дека е крајно време да се реши летната трансфер сага.

Слични содржини