Невил кон Роналдо: Не чекај две недели за да им ја кажеш вистината на навивачите

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил побара од својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо веднаш да им ја каже вистината на навивачите на „црвените ѓаволи“ за случувањата во клубот од „Олд Трафорд“, пренесe „Скај Спорт“.

Роналдо претходно денеска се огласи и објави дека медиумите шират лаги за него. Тој најави дека во интервју за неколку недели ќе соопшти што навистина се случува во клубот, како и дали сакал да го напушти Манчестер Јунајтед.

-Зошто најдобриот играч на сите времиња (според мене) треба да чека две недели за да им ја каже вистината на навивачите на Манчестер Јунајтед? Излези сега и разговарај. Клубот е во криза, а челниците треба да се изјаснат. Тој е единствениот кој може да се справи со оваа ситуација – изјави Невил, кој играше со Роналдо во Манчестер Јунајтед од 2003 до 2009 година.

Манчестер Јунајтед минатата сезона заврши на шестото место во Премиер лигата. Клубот од „Олд Трафорд“ имаше лош старт во новата сезона, откако претрпе два порази од Брајтон и Брентфорд.

Слични содржини