Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, верува дека само еден играч на „црвените ѓаволи“ би можел да стигне до составот на Тотенхем, кога реално ќе се земе предвид квалитетот на играчите што во моментов ги имаат двата тима.
Легендата на Манчестер Јунајтед не се осврнува само на почетните состави за кои двајцата менаџери се одлучија за мечот на стадионот на Тотенхем, туку на сите играчи, вклучувајќи го и големиот број повредени играчи.
Оваа изјава е доста загрижувачка за трансфер учинокот на клубот со оглед на тоа што од 2016 година Јунајтед има нето трансфер трошоци од една милијарда фунти. За споредба, оваа сума во Тотенхем е 580 милиони.
-Ако ги земете најдобрите играчи на Тотенхем – Поро, Удоји, Ван де Вен, Ромеро, Бисума, Сар, Медисон, Кулушевски, Соланке, Сон, Џонсон, колку играчи на Манчестер Јунајтед би вклучиле во овој состав на Тотенхем, ако сите тие беа достапни? Мислам дека би сакале да го имате само Бруно Фернандеш. Можеби Амад Диало, но ако ги имам Кулушевски и Амад, искрено, веројатно би го избрал Кулушевски. Сакам да кажам дека секој играч на Тотенхем, ако сите беа на располагање, е подобар од секој играч на Манчестер Јунајтед. И ова не е емоционална изјава или лут излив. Навистина е тажно што Манчестер Јунајтед е во оваа ситуација во моментов, изјави Гери Невил.