Невил со остра позиција за продажбата на Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед преживува уште едно турбулентно лето, а шпекулациите околу клубот не престануваат. Страстите се вжештени, а во последниве денови се поупорно се зборува дека сопствениците на тимот од семејството Глејзер подготвуваат првична продажба на дел од него, што најверојатно ќе прерасне во целосна разделба со „црвените ѓаволи“.

Веднаш по овие шпекулации се зборуваше за нивни можни наследници на „Олд Трафорд“. Британскиот милијардер Џим Редклиф, кој е познат како долгогодишен навивач на тимот, веднаш пројави интерес за негова аквизиција, но се вклучи и името на американскиот инвестициски фонд „Аполо“. Токму против оваа можност во Манчестер да се појави уште еден прекуокеански претставник, категорично се изјасни легендата на „црвените ѓаволи“ Гери Невил.

„Доколку се точни информациите дека Глејзерс се подготвени да се разделат со дел од клубот пред целосната продажба, целосно е неприфатливо тоа да му се случи на американски инвестициски фонд. Се споменува „Аполо“, но тие треба да знаат дека не се добредојдени во Манчестер. Американскиот модел на сопственост на спортови е поврзан со значителен поврат на инвестицијата (по секоја цена преку Суперлигата или во целост). Моделот на сопственост во Англија треба да се промени и американските пари се далеку поголема опасност од кои било други. Ни треба регулатор што побрзо!“, напиша Невил на Твитер.

Навивачите на тимот подготвуваат уште еден протест против Глејзерси во понеделник за време на дербито против Ливерпул. Минатата година повторно пред пресметката на двата тима на „Олд Трафорд“ имаше екцеси кои доведоа до откажување на натпреварот.

Слични содржини