Невил: Тен Хаг заработи уште малку време со ремито во Бирмингем, но се може да се промени во ноември

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Ремито без голови на Манчестер Јунајтед против Астон Вила ќе му даде на Ерик Тен Хаг малку повеќе време на чело на тимот, смета легендарниот дефанзивец на англискиот фудбалски клуб и актуелен стручњак, Гери Невил. Тој верува дека судбината на холандскиот тренер ќе биде решена за време на следната меѓународна пауза во ноември.

Јунајтед победи на само три од своите први десет натпревари во новата сезона и со осум бода од можни 21 го има најлошиот старт во ерата на Премиер лигата. Невил е на мислење дека сите во клубот веројатно би биле задоволни со нерешено доколку тоа се понуди во пресрет на натпреварот, а тоа покажува „колку ниско е поставена границата во моментов“.

„Тие направија мал чекор напред. Да му понудивте бод на случаен навивач на Манчестер Јунајтед, играч или тренер пред натпреварот, тие ќе го земеа веднаш“, изјави Гери Невил за Sky Sports, каде што работи како аналитичар.

„Го видовте тоа во интервјуто на Ерик тен Хаг по натпреварот. Имаше олеснување бидејќи нерешениот резултат ќе ги задржи волците надвор од кошничката уште најмалку две недели. Тој поен му даде малку повеќе време. Дури и луѓето кои мислеа дека ќе има промени по тој натпревар, тие не ги замислуваа по реми. Ќе им треба тежок пораз како оној од Тотенхем пред една недела“.

„Ова е најлошиот старт на Манчестер Јунајтед во историјата на Премиер лигата и нема за што да се радуваме. Бод на гостувањето кај Астон Вила е добро достигнување и ни покажува две работи – колку Вила се подобрила и колку ниско е поставена прачката на Јунајтед во моментов“, додаде тој.

На натпреварот во Бирмингем присуствуваа дел од високото раководство на клубот, вклучувајќи го и малцинскиот сопственик Џим Ретклиф, претставникот на ИНЕОС Дејвид Брејлсфорд, главниот извршен директор Омар Берада и спортскиот директор Ден Ешворт. Одлуката на Јунајтед летото беше да го задржи Тен Хаг на функцијата, иако клубот разговарал со тренери како Томас Тухел, Роберто Де Зерби, Маурисио Покетино, Томас Франк и Киеран Мекена, додава Скај Спорт во анализата.

Невил верува дека тие не сакаат да го сменат своето мислење толку рано во сезоната, но ноемвриската пауза може да ја реши судбината на Тен Хаг.

„Сигурен сум дека тие не сакаат да прават драстични промени во текот на сезоната. Нема клуб кој сака да го смени својот менаџер во зима. Тоа не е само показател за менаџерот, туку и за тимот”, изјави Невил исто така за Sky Sports.

„ИНЕОС го презеде спортскиот процес пред само неколку месеци, што исто така се совпадна со назначувањето на Ден Ешворт и Омар Берада. Не можеме да ги обвиниме, ќе им требаат две или три години за да си ја средат куќата. Клубот донесе одлука да го задржи Тен Хаг и нема да сака да ја менува по шест или седум натпревари. Само ќе се надеваат дека нешто ќе се случи во следните две недели.

„Навивачите, тренерите и играчите зборуваат за новата поставеност околу Тен Хаг, но треба да почне да работи побрзо во следните неколку недели. Ако дојдеме до репрезентативна пауза и Јунајтед се уште е 13-ти или 14-ти во лигата, тогаш притисокот ќе биде огромен.

Следните неколку недели се критични и тие ќе се надеваат дека нешто ќе се случи за да ги убеди да го остават Тен Хаг до крајот на сезоната. Навивачите на Јунајтед исто така не сакаат менаџерот да ја загуби работата. Така тие повторно ќе се соочат со циклус. Исто како во последните 10-12 години“, заклучи Невил за Sky Sports.

Слични содржини