Невил: Успех е да се потрошат милијарда фунти и да се биде толку лош

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Очајниот старт на сезоната на Манчестер Јунајтед и дебаклот од Брентфорд, го прокоментира и поранешниот играч на „црвените ѓаволи“ – Гери Невил.

Тој ги става на преден план очајно завршените трансфер периоди во последните неколку сезони.

„Успех е да се потрошат милијарда фунти и да се биде толку лош. Ако некој мислеше дека Јунајтед не може да оди подолу, само покажа дека тоа е можно. Ова е ново ниско ниво“.

Невил смета дека проблемот не е во тренерите.

„Овие играчи под тројца тренери покажаа дека не трчаат доволно. Немаат самодоверба, таа им е истисната. Потребна им е помош. Вистината е дека ситуацијата е многу, многу лоша“.

Слични содржини