Невообичаен потег на Надал пред последните дуели во Дејвис купот – Алкараз тренираше одвоено од Рафа

од Vladimir Zorba
2,K прегледи

Репрезентацијата на Шпанија напорно се подготвува за крајот на Дејвис купот, а меѓу нив е и Рафаел Надал кој наскоро ќе се збогува од професионалниот тенис.

Шпанските тенисери со денови тренираат во Малага, а неодамна им се придружи и Карлос Алкараз, кој веќе беше елиминиран во групната фаза на Завршниот Мастерс во Торино, што ретко кој го очекуваше.

Алкараз и Надал се сретнаа на тренинг, разговараа, но не си разменија удари, барем кога се работи за сингл.

Надал направи необичен потег, бидејќи тренираше со Алекс Де Минор, кој е дел од репрезентацијата на Австралија, која во четврт-финалето игра против селекцијата на САД. Не често се гледа дека тенисери од различни земји тренираат во Дејвис купот, но на Надал очигледно му требаше толку силен тест.

За тоа време Алкараз тренираше со Роберто Браутиста Агут, кој најверојатно ќе биде вториот рекет на Шпанија во пресметката со Холанѓаните.

Исто така, Алкараз и Марсел Гранољерс го формираа главниот тим во двојки на тренингот на Шпанија, додека Надал играше покрај Педро Мартинез.

Настапот на Надал за Шпанија во Дејвис купот ќе биде негов последен во професионалниот тенис, бидејќи после тоа најави повлекување.

Сè уште е неизвесно кога ќе го видиме Надал на теренот, дали ќе биде подготвен само за сингл или исклучиво за двојки, а доколку резултатите бидат драматични, можеби селекторот Давид Ферер воопшто нема да го пушти да игра.

Слични содржини