Раководството на Северна Кореја го нарече минатомесечното неуспешно лансирање на воен сателит најголем неуспех на последниот состанок на владејачката партија, објави севернокорејската државна новинска агенција KCNA.
Помеѓу петокот и неделата се одржа проширен пленарен состанок и испрати порака до работниците и истражувачите да го анализираат неуспешното лансирање и да се подготват за уште едно во блиска иднина, објави „Ројтерс“.
Како што наведува KCNA, одговорните за лансирање на сателитот биле „жестоко критикувани“.
„Севернокорејската ракета падна во морето откако го загуби притисокот поради ненормалното стартување на моторот од втората фаза“, објави Пјонгјанг по неуспешното лансирање на сателит во, како што британската агенција го смета, невообичаено искрено признание.
Северна Кореја вети дека ќе продолжи да ги развива своите нуклеарни капацитети и ќе ја зајакне солидарноста со другите земји кои се противат на, како што ја нарече, „американската стратегија за глобална надмоќ“.
На средбата се разговарало и за обезбедување на самодоволност во снабдувањето со храна преку зголемување на земјоделското производство во земјата и исполнување на годишната цел за производство на жито.