Невработеноста во Грција најниска во последните 15 години

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Сезонски приспособената стапка на невработеност во Грција падна во јуни од 10,3 отсто во мај на 9,6 отсто и сега е најниска во последните 15 години.

Според извештаите, бројот на невработени во Грција се намалил за 30.600 на 456.700 месечно, додека вработеноста се зголемила за 41.200 на 4,29 милиони, пренесе „Мина“.

Бројот на лица помлади од 75 години кои не учествуваат на пазарот на трудот, односно не работат и не бараат работа, се намалил за 12.800 на 3,02 милиони месечно.

Грчкиот институт за статистика неодамна објави дека годишната стапка на инфлација во Грција благо паднала во јуни од 2,4 отсто во мај на 2,3 отсто.

Цените на храната и на безалкохолните пијалоци во јуни се зголемени за 2,1 отсто на годишно ниво, забавувајќи се во однос на мајските 3,1 отсто, а облеката и обувките се зголемени за 4,6 отсто наспроти мајските 6,4 отсто.

За разлика од нив, цените на услугите во хотелите и рестораните се зголемени за 5,4 отсто, што претставува забрзување во однос на мајските пет отсто.

Слични содржини