Невреме го погоди Охрид, падна кровна конструкција

од Nikola Popovski
168 прегледи

Големо невреме денеска го зафати Охрид. Невремето било краткотрајно, но интензивно со што предизвикало материјални штети.

Епилогот е откорната лимена кровна конструкција од зграда, при што оштетила повеќе куќи и возило. За среќа нема повредени.

Силниот ветер, проследен со дожд и град откорна дрвја, искршил гранки и искинал кабли од телефонски и телевизиски оператори во градот.

Во моментов на терен се службите од ЈП „Охридски комуналец“ кои помагаат во расчистување на улиците.

Слични содржини