Обилни снежни врнежи и силен ветер го зафати источниот брег на САД, каде се затворени училиштата и канцелариите на федералната влада, додека авио-компаниите откажаa илјадници летови.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за снежната бура од Северна Каролина до Масачусетс, а од невремето се погодени речиси 70 милиони луѓе.
Авио-компаниите одложија илјадници летови на северозападот на САД, откако комбинацијата од силни ветрови, снег и мраз го заковаа тој дел од земјата.
До средата на пладне откажани се повеќе од 4.400 меѓународни летови, како и повеќе од 2.600 домашни, откако силниот циклон од североистокот ги затрупа со снег и мраз Њујорк, Бостон, Филаделфија и Вашингтон.
https://www.youtube.com/watch?v=OSFG9p4jdxw
Само во Њујорк се одложени 1.200 летови. Железничката компанија “Амтрак” го намали бројот на возови на линијата од Вашингтон до Бостон, а во некои држави на истокот на САД забрането е возење со камиони на главните автопати.
Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, прогласи вонредна состојба за градот Њујорк и неговите предградија, и одреди 5.500 работници на комуналните служби и 300 припадници на Националната гарда да бидат во приправност.
Околу 15.000 домаќинства останаа без струја во Западна Вирџинија, а многу училишта на американскиот источен брег се затворени. Во Филаделфија паднале 20 сантиметри снег, а во Њујорк 12 сантиметри.
Невремето, иако е втор ден од пролетта, ја затвори и американската сојузна влада, а Белата куќа и Стејт департментот ги откажаа сите јавни настани. Конгресот, меѓутоа, работи, со оглед на тоа дека законодавците се обидуваат да го финализираат буџетот.
До 45 сантиметри би можеле да го покријат северниот дел на Њу Џерси, југоистокот на државата Њујорк и југозападот на Конетикат.
На тие делови на САД им се заканува и снемување струја, бидејќи електромрежата таму е веќе оштетена во претходното невреме. На источниот брег се очекуваат и поплави.
https://www.youtube.com/watch?v=yQ8sDjHKCQ0
Тоа е веќе четврти брат студ кој од 2 март го зафати тој дел на САД.
На другата страна на САД, бурата во Калифорнија донсе обилни дождови, и десетина илјади луѓе во Санта Барбара и Вентура мораа да ги напуштат своите домови.
Тоа ги исплаши инвеститорите, па вредноста на акциите на “Facebook” паднаа за околу 7 проценти.
Падот на вредноста на акциите уследи откако американските службеници повикаа на истрага поради тоа што личните податоци на 50 милиони луѓе од “Facebook” биле собрани и злоупотребени без одобрување.