309
Силно невреме со град вчера попладне го погоди пелагонискиот регион во земјава.
Повеќе граѓани објавија дека град со големина на орев паѓал во Битола, Прилеп, Крушево и Демир Хисар.
Во Битола, вториот по големина град, дожд од само петнаесет минути ги поплавил улиците, гаражите и подрумите.
Критично со поплавените улици беше во битолскиот Баир, кои од надојдената вода беа непроодни за сообраќај.
Котлината Пелагонија е најголемото земјоделско подрачје во земјава.