Невреме преврте три траекти на Филипините, загинаа најмалку 12 лица

од desk2
114 прегледи

Најмалку 12 лица настрадаа, а повеќе од 30 се спасени кога денеска се превртеa три траекти како последица на лошото време помеѓу филипинската провинција Гуимарос и Илоило, соопшти филипинската крајбрежна стража.

Како што изјави портпаролот на крајбрежната стража Арманд Балило, засега не се знае дали има исчезнати патници и членови на екипажот.

Метеоролозите од претходно предупредија на обилни дождови и грмежи поради невремето, кое го зафати источниот дел од земјата.