Невреме во Хрватска: 2.500 громови за два часа, поројни дождови, поплави и силен ветер долж брегот

од desk2
28 прегледи

Хрватското крајбрежје од утрово е на удар на силни дождови и ветришта, а во некои градови веќе има и поплавени улици. Државниот хидрометеоролошки завод прогнозира слична временска состојба и за попладнево и приквечер, со можни грмотевици на одредени места.

Во градот Пула веќе има поплавени улици.

Всушност, полуостровот Истра, на кој е и Пула, рано утрово прв се најде на удар на големите нестабилни облачни маси со грмотевици и пороен дожд на одредени места. Невремето дојде од западот, од Јадранско Море.

Во Пореч за кратко време паднале повеќе од 50 мм дожд, што предизвика поплавени улици. Во некои населени места во близината, паднало уште повеќе дожд. Над Истра и Кварнер утрово за само 2 часа се забележани повеќе од 2.500 громови, главно над јужна и источна Истра и во морето.

Слични содржини