Невреме во Прилеп ги поплави улиците

од Vladimir Zorba

Невремето кое денеска го зафати Прилеп предизвика поплавени улици и отежната движење на возилата.

На социјалните мрежи веќе има фотографии од невремето, по улиците и од градската река.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.

Слични содржини