Неврохирург: Коронавирусот може да предизвика мозочен удар кај помлади пациенти

од Vladimir Zorba
300 прегледи

Коронавирусот се чини дека предизвикува ненадејни мозочни удари кај возрасни во своите 30-ти и 40-ти години, кои инаку не се многу болни, рекоа денес лекарите.

Според Си-Ен-Ен, се зголемуваат доказите дека инфекцијата од коронавирус може да предизвика неприродно згрутчување на крвта, а мозочниот удар е очекувана последица.

Томас Оклеј, њујоршки неврохирург и неговите колеги пријавиле податоци за пет лица под 50-годишна возраст кои биле лекувани од мозочен удар, а кои имале или благи или никакви симптоми на коронавирус.

„Вирусот предизвикува зголемено згрутчување во големите артерии, што доведува до сериозен мозочен удар“, рече Оклеј за Си-Ен-Ен.

Тој рече дека неговиот извештај на тимот покажал седумкратно зголемување на зачестеноста на ненадеен мозочен удар кај млади пациенти во последните две недели. Повеќето од овие пациенти немале медицинска историја и биле дома со благи или никакви симптоми на коронавирус.

Д-р Оклеј истакнува дека не е вообичаено ваквите млади луѓе да имаат мозочни удари, особено удари во големите крвни садови во мозокот.

– За споредба, нашата служба во претходните 12 месеци лечеше од мозочен удар во просек на секои 2 недели 0,73 пациенти кои беа помлади од 50 години, наведено е во извештајот. Тоа е помалку од 2 лица месечно.

Оклеј рече дека неговиот тим сака да им наметне на луѓето да обрнат внимание на симптомите на коронавирусот и да повикаат брза помош доколку имаат индикации за мозочен удар.

Тој додаде дека досега на луѓето им било советувано да повикаат брза помош само доколку имаат потешкотии во дишењето или треска, но дека треба да се јават за помош и доколку имаат симптоми на мозочен удар.Коронавирусот може да предизвика мозочен удар кај помлади пациенти