Многу луѓе сакаат кратенки за заштеда на време, но една од најчестите може да има негативно влијание врз здравјето на мозокот. Според експертите, иако мултитаскингот – извршувањето на повеќе задачи во исто време – изгледа ефикасно, тој всушност го исцрпува мозокот и ја намалува продуктивноста.
„Мозокот може да прави само една работа во исто време. Кога правиме повеќе задачи, всушност многу брзо се префрламе од една на друга задача, што создава илузија дека правиме повеќе работи во исто време“, објаснува невропсихологот др. Џефри Портној за „Parade“.
Мултитаскингот не само што е помалку ефикасен, туку може да предизвика и повеќе грешки и дополнителен стрес. Неврологот Др. Мухамед Аршад истакнува: „Префрлањето помеѓу задачите, иако е потребно помалку од секунда, го зголемува оптоварувањето на мозокот и може да го намали продуктивното време за дури 40 проценти“. Тој додава дека мултитаскингот често води до ментална исцрпеност и послаб квалитет на работа.
Наместо мултитаскинг, експертите препорачуваат да се фокусирате на една задача во исто време. „Мозокот најдобро функционира кога целосно се фокусира на една активност“, вели д-р. Портној. Тој предлага да оставиме кратки белешки ако треба да паузираме некоја задача за полесно да се вратиме на работа. Тој советува и да правите кратки паузи во текот на денот за да се освежите.
„Мозокот продолжува да работи во заднина дури и додека се одмарате“, вели тој.
Добриот сон, хидратацијата и исхраната богата со хранливи материи се исто така клучни за поддршка на мозокот.
„Побарајте помош кога ви е потребна и избегнувајте да работите прекувремено за да спречите исцрпеност“, заклучува др. Аршад.