Незапаметен инцидент: Велосипедист удри во жена, двајцата завршија во болница (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
631 прегледи

Велосипедска трка на Канарските острови заврши на ужасен начин, бидејќи еден натпреварувач удри во жена која ја следеше трката на самиот финиш.

Засега неименуваната жена од непозната причина почнала да трча по велосипедската лента, а во раката имала мобилен телефон, при што на неа налетал еден од натпреварувачите кој брзал кон целта.

Несреќната жена по кратко време со хеликоптер била пренесена во болница, каде лекарите соопштиле дека е во тешка состојба, додека споменатиот велосипедист е хоспитализиран поради повреди на главата.

По инцидентот, медиумите и јавноста ги критикуваа организаторите бидејќи навивачите физички не биле одвоени од патеката, што лесно можело да спречи ваков сплет на околности.

Организаторите на трката на која учествуваа 270 велосипедисти (од нив 100 од островот Ел Иеро каде се одржа трката) засега не се огласија.

Слични содржини