ЕРЛИНГ ХАЛАНД на почетокот на оваа сезона повторно покажува дека е генијален голгетер.
Младиот (21) напаѓач постигна шест и намести три гола во првите пет натпревари за Борусија Дортмунд, а воедно го одбележа и првиот натпревар сезонава за норвешката репрезентација со одличен гол.
Во четвртото коло од квалификациите за СП против Холандија, тој ја прими топката во многу тешка позиција и ситуација. На работ од шеснаесетникот, со грбот свртен гол и опкружен со тројца ривалски дефанзивци.
Сето ова Халанд го реши за неколку секунди. Тој се ослободи од Стефан Де Вриј и Јуриен Тимбер и така дојде пред голот. Таму, Вирџил ван Дајк се обиде да го спречи со лизгање, но не успеа.
По натпреварот, Халанд откри што направил попат: „Мислам дека го скршив прстот на Ван Дајк. Ми пријде и ми рече: „Мислам дека ми го скрши прстот!“ Немам идеја како“.