„Независни заедно“ ќе „трчаат“ со проф. Марковски на изборите за градоначалник на Скопје

Ова претставување е дел на поширока граѓанска иницијатива што ќе ја врати довербата во институциите и ќе покаже дека промена е можна доколку заедницата стои обединета и граѓанинот е на прво место во политика, се додава во најавата

од Vladimir Zorba
45 прегледи

Граѓанската платформа „Независни заедно” ќе го промовира независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Проф. д-р Горан Марковски – Декан на Градежниот факултет.

„Истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје. Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот. На прес-конференцијата кандидатот ќе ја претстави својата мотивација за влез во трката, визијата на делување и новиот пристап кон локалната власт“, се вели во најавата на прес-конференцијата.

Кандидатурата на професорот е поддржана од граѓанската платформа „Независни заедно“, составена од „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба” и „Групација 389″.

Ова претставување е дел на поширока граѓанска иницијатива што ќе ја врати довербата во институциите и ќе покаже дека промена е можна доколку заедницата стои обединета и граѓанинот е на прво место во политика, се додава во најавата.