Независниот синдикат на полицијата бара одговори од министерот за „Којот“

од desk3
105 прегледи

Независниот синдикат на полицијата бара од министерот за внатрешни работи да одговори дали во акцијата „Којот“ спроведена во јули во која беа лишени од слобода пет полициски службеници, се преземени мерки согласно Законот за кривична постапка и Кривичниот законик.

thumbs_b_c_2cffe65ad521630e0449431eaab03ce9-e1469358821914-800x445

Во соопштението се наведува дека според информациите добиени од полициските службеници опфатени во акцијата, инаку членови на Синдикатот, тие не биле изнесени пред судија во претходна постапка и оти сериозно е нарушен нивниот интегритет, чест и достоинство.

Од Синдикатот прашуваат доколку се покаже дека ова е точно, дали министерот за внатрешни работи ќе побара одговорност од раководителот од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

– Независниот синдикат на полицијата цврсто застанува позади сузбивање на секаков организиран и сериозен криминал и ја поздравува секоја активност на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерс6твото за внатрешни работи само доколку постапува согласно Уставот, законите и подзаконските акти на Република Македонија, се наведува во соопштението./MИА