Независниот синдикат на војници поднесе кривична против Петровска и најави протести пред Влада

од Nikola Popovski
56 прегледи

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службено положба и овластување“. Според претседателот на Синдикатот на професионални војници, Александар Насковски, Петровска „од 1-ви декември 2023 до 28-ми 2024 година, го сопрела функционирањето на Синдикатот спротивно на законот за работни односи, ја сопрела уплатата на членарината спротивно на Колективниот договор на Министерството за одбрана, го замрзнала членството и со сето тоа го спречила синдикалното движење на синдикатот и неговото работење за подобрување на правата на работниците во Армијата“.

-Како моментално најкорумпирана институција во која за период од девет месеци се направија три фалсификати од страна на криминалната група е Министерството за социјална политика, демографија и млади. Овие фалсификати ги потпишаа три различни министри и се спроведоа во Министерството за одбрана. Тој криминал е наследен од претходниот министер и трае и до ден денеска во рамки на МО, изјави Насковски.

Тој праша во која НАТО Армија синдикатот е блокиран, не се почитуваат одлуките на претседателот и средствата се префрлаат на друга сметка и на друго лице.

-Цврсто сме убедени дека министерот за одбрана е добро изманипулиран од структури во Министерството, кои од многу одамна делуваат и секогаш се појавуваат кога се во прашање професионалните војници и нивниот синдикат. Секогаш кога професионалните војници ќе побараат права ги опструираат од овие структури во Министерството и Армијата и од дел од другите синдикати. Се надеваме дека министерот за одбрана веднаш ќе го разреши овој криминал и нема да премолчи пред овие лица кои се уште се во МО, а токму тие го советуваа претходниот министер да направи вакви кривични дела, рече Насковски.

Тој посочи дека се обратиле до министерот за одбрана, Владо Мисајловски, но како што рече, 130 дена не се повикани на разговор. Вели дека немаат социјален дијалог и не ги повикал да ги соопштат проблемите. Се обратиле три пати до премиерот Христијан Мицкоски, но двапати добиле половичен одговор дека МО треба да им одговори за проблемите. Се обратиле и од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова како врховен командант, но се уште добиле одговор за проблемите. Најавуваат протести пред Владата доколку министерот не го реши криминалот врз Синдикатот.

Слични содржини