Независниот синдикат на здравство најави предупредувачки протест, бараат повисоки плати за 30%

од Nikola Popovski
247 прегледи

Независниот синдикат на здравствени работници (НСЗР) в четврток, 19 октомври, ќе организира предупредувачки протест на вработените во сите здравствени институции во државава за време на паузата, од 10.30 до 11 часот, зашто се незадоволни од тоа што и по средбата на нивни претставници во Министерството за здравство на 5 октомври немаат одговор за нивните барања.

Нивните барање се зголемување на платите за 30%, нов колективен договор, бенефициран работен стаж, зголемување на инфективниот додаток од 1 на 4% и трансформација на определено работно со неопределено.

Кристина Олевска од синдикатот во ГОБ „8 Септември“-Скопје, на прес-конференција рече дека не се согласуваат со предлогот за зголемување на платите за 15 проценти само на медицинските сестри.

-Се бориме за сите, за достоинствен живот, поради тие причини излегуваме на предупредувачки протести, а крајна фаза ќе биде да мораме да излеземе и на улица, но жално и бедно е оние кои беа херои на 21-от  век да излезат на улица, да бидеме заборавено минато… За колку вработени станува збор ? 22 илјади вработени во здравствениот сектор, додава Боби Бојчевски, национален координатор за здравство на КСОМ.

Според Министерството за здравство, годинава веќе два пати се покачиле платите на здравствените работници.

Слични содржини