„Независниот“ Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод: „ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија“

Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми. ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес, напиша Војнески на Фејсбук.

од Vladimir Zorba
121 прегледи Фото: Фејсбук

Независниот кандидат за градоначалник за општина Македонски Брод, Милосим Војнески објави на Фејсбук дека се повлекува од изборната трка во вториот круг, притоа потенцирајќи дека време за обединување и ставање крај на поделбите.

– По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми. ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес, напиша Војнески на Фејсбук.

Според него, најдобрата одлука во интерес на неговите сограѓани е да се повлече од оваа изборна трка.

-Свесен сум дека оваа моја одлука за многумина ќе биде изненадување, но верувајте – ова е најдоброто нешто што можев да го направам за граѓаните на нашата Општина во овој момент. Секогаш ќе бидам достапен за граѓаните и ќе се обидам да помогнам колку што можам. Вашата поддршка никогаш нема да биде заборавена, пишува Војнески на Фејсбук.