Пратениците од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Хирстијан Мицкоски бидејќи како што велат, тој бил обезличен.
Нивната реакција доаѓа по најавата на Мицкоски дека ќе побара од пратеничката група на неговата партија да поднесе иницијатива за ратификација на протоколот за НАТО со одложено дејство, по примерот на Црна Гора, која предвреме го ратификуваше протоколот за нејзино членство во Алијансата, а тоа стапи на сила откако и САД како последна земја-членка на НАТО го ратификуваше протоколот.
„Таа е истата пратеничка група на која и наложи да стои покрај ѕидот, кога отпочна постапката за додавање на географската одредница Северна на Република Македонија, што беше услов за отпочнување на процесот за влез во НАТО. Христијан Мицкоски кој неколку пати го негира и потценува генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека промената на името е неопходна, сега ќе наложи пратениците да потпишат иницијатива за Северна Македонија да отпочне ратификација за членство во НАТО. Истите пратеници на кои пред само неколку дена им кажа дека не ги планира на идните пратенички листи. Потценувањето на суверенитетот на нивната особност е негов препознатлив стил, па во нивно име одлучува тој“, реагира Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.