Незири: Превозниците досега не пријавиле штети од блокадата на хрватско-српската граница

од desk3
72 прегледи

 

Досега нема најава и не е пријавено дека некои превозници претрпеле штети од блокадата на хрватско-српската граница, изјави денеска министерот за економија Беким Незири, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе бидат обештетени македонските превозници.

images

Одговарајќи на новинарски прашања за активностите во случај Хрватска да одлучи целосно да ја затвори границата Незири рече дека Министерството за економија ги следи сите чекори и оти е подготвено за кое било сценарио.

– Хрватска е членка на Европската унија и се надевам дека ЕУ нема да дозволи херметичко затворање на граница. Како држава и како Министерство активно ги следиме сите чекори и сме подготвени за кое било сценарио кое би произглегло доколку се затвори таа граница, изјави Незири.

Според министерот Незири, доколку држава којашто е членка на ЕУ ја затвори границата има и европски фондови кои што ќе придонесат штетите да се покријат.

– Ја следиме секоја активност и ќе бидеме тука за кое било сценарио што би можело да се случи, но мислам дека херметичко затворање на границата ќе нема, изјави Незири./МИА