Незири: Владата на наредната седница ќе расправа за ОХИС

од desk3
84 прегледи

Bekim-Neziri_Almakos
Владата на наредната седница ќе одлучи на кој начин ќе ги исплати трите заостанати плати на вработените во загубарот ОХИС, најави денеска министерот за економија Беким Незири.

– ОХИС во континуитет неколку години работи со загуби и токму поради таа причина Министерството за економија подготви информација до Владата. Информацијата ќе се разгледа на наредната седница на Владата по што ќе се преземат конкретни чекори како ќе се исплатат платите и што ќе се прави понатаму, рече Незири во одговр на новинарско прашање по обраќањето на 6. Партнерски состанок на Црвениот крст на Македонија.

Тој посочи дека досега на неколку пати беше објавен јавен оглас за продажба на ОХИС на некој странски инвеститор но досега, како што рече, немало интерес.

– Ќе продолжиме и понатаму да се обидуваме да привлечеме инвеститор со цел компанијата да излезе од криза. За загубарот ЕМО Охрид веќе има заинтересирани, а имаше и најава дека ќе се продаде. Мислам дека ќе најдеме инвеститор кој ќе вложи во компанијата, рече Незири./МИА