Ни претстои здодевна сезона во Формула 1! Еден-два победа за Ред бул во Џеда

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Холанѓанецот Макс Верстапен, возач на Ред Бул и актуелен светски шампион во Формула 1, е победник на втората трка од Светскиот шампионат оваа сезона, а овој пат славеше на трката за ГН на Саудиска Арабија во Џеда.

Откако во саботата ја постигна 34-та пол-позиција во кариерата, 26-годишниот Верстапен победи по 56-ти пат во кариерата. На самиот старт на сезоната Верстапен беше над конкуренцијата, славеше на Големата награда на Бахреин.

Верстапен доминираше од почеток до крај, само накратко му ја препушти предноста на Норис во воведниот дел од трката, но лесно се врати на врвот и рутински ги „проголта“ круговите до крајот и убедливо славеше за деветта победа во низа.

Неговиот Ред Бул ја постигна 115-та победа во историјата во дваесетгодишното постоење и се наоѓа на четвртото место на вечната листа.

На крајот, втор беше колегата на Верстапен од Ред Бул Серхио Перез, додека третото место го зазеде Шарл Леклер од Ферари. Меѓу првите пет се пласираа и Австралиецот Оскар Пјастри и Шпанецот Фернандо Алонсо.

На врвот во вкупниот поредок е Верстапен со 51 поен. Втор е Перез со 36, Леклер е трет со 28, а Расел е четврти со 18 бодови.

Следна станица е трката за ГН на Австралија од 22 до 24 март во Мелбурн.

Гран при на Саудиска Арабија:

1. Макс Верстапен (Хол / Ред Бул) 1:20:43.273
2. Серхио Перез (Мек / Ред Бул) +13.643
3. Шарл Леклер (Мон / Ферари) +18.639
4. Оскар Пјастри (Авс / Мекларен-Мерцедес) +32.007
5. Фернандо Алонсо (Шпа / Астон Мартин-Мерцедес) +35.759
6. Џорџ Расел (ВБ / Мерцедес) +39.936
7. Оливер Бирман (ВБ / Ферари) +42.679
8. Ландо Норис (ВБ / Мекларен-Мерцедес) +45.708
9. Луис Хамилтон (ВБ / Мерцедес) +47.391
10. Нико Хулкенберг (Гер / Хаас Ферари) +76.996.

Слични содржини