
Во САД ја констаираа потребата од развој и усвојување на вооружување на нов тенк, кој ќе го замени 40-годишниот ветеран M1 Abrams, соопшти весникот National interest, цитирана од warfiles.ru.
Во него ќе бидат позајмени нацртите од конструкцијата и главните идеи во креирањето на рускиот тенк Т-15 “Армата”.
Сега се признава дека и покрај одличната комбинација на оган, брзина и оклоп, “Абрамс” веќе е вознемирувачки стар. Доцнењето се објаснува со фактот дека американските воени теоретичари не можат да го прогнозираат карактерот на идните борбени дејствија и дали ќе дојде до примена на современите концепти за борба.
Според експертите, развојот на принципиелно нов современ тенк, неговото производство и пуштање во употреба ќе трае над 10 година
Претставник на вооружените сили на САД соопшти за весникот дека новата генерација борбени машини ќе вклучува системи за активна заштита, намалување на бројот на екипажот и автоматизирана купола до степен на роботизација.
National interest веќе пишуваше за “Армата„ ентузијастички, нарекувајќи го “мускулеста машина”. Но, веќе се зборува дека во предвидените варијанти на “Армата” се предвидува “152-милиметарски топ и” нископроизводителен “нуклеарен мотор„.