„Ни се закани дека ќе нè фати за врат“: Професорка од тетовскиот универзитет им се заканувала на студентите

од Берта Китинска
245 прегледи

Студентите од Факултетот музичка уметност при Државниот универзитет во Тетово денеска протестираа незадоволни од односот кој професорката Бесијана Мемеди го имала кон студентите.

Тие бараат професорката да сноси одговорност, посочувајќи дека го прекршила членот 320 од Статутот на Универзитетот.

„Има многу генерации студенти кои ја преживеале тортурата со уцени и закани од професорката. Затоа ние решивме повеќе да не го трпиме нејзиниот терор и затоа реагираме. Ние како студенти на секое предавање бевме изложени на психичка тортура, систематски булинг и навреди, а последниот случај беше кога ни се закани дека ќе нè фати за врат само затоа што не била задоволна од коментарите на студентите на нејзина објава на Фејсбук. “, изјави студентот Арди Лена.