Ница го откажа концертот на Ријана и Џез фестивалот во градот

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Властите во Ница го откажаа концертот на светската поп ѕвезда Ријана и се откажаа од спроведувањето на годишниот џез фестивал во францускиот туристички град.4945574

Ријана требаше да одржи концерт од својата светска турнеја “Анти” на 15 јули на локалниот стадион “Алијанса ривиера”, кој собира 35 илјади гледачи. Летниот џез фестивал требаше да е од 16 до 20 јули.

Градот на Азурниот брег прогласи жалост поради крвопролевањето, кое беше предизвикано најверојатно од 31-годишен Французин од туниско потекло. Во четвртокот (вчера) доцна тој во текот на два километри тој прегазувал луѓе со товарен камион по шеталиштето.

Меѓу жртвите се околу 80 локални жители и туристи, кои излегле да набљудуваат огномет за националниот празник на земјата – 14 јули.