Првата дама на САД, Џил Бајден, ги навреди Латиноамериканците кога ги спореди со „тако“ во говор на настан во Тексас.
Џил Бајден им се обраќала на Латиноамериканците во Тексас кога се обидела да даде комплимент за традиционално мексиканско јадење, објави Би-Би-Си.
„Разновидноста на оваа заедница, различна како продавница во Бронкс, убава како цвеќињата во Мајами и уникатна како тако за појадок овде во Сан Антонио е вашата сила“, порача првата дама на САД.
„Ние не сме тако“, одговори Националната асоцијација на новинари со шпанско потекло (NAHJ).
Бајден погрешно ги изговарала продавниците познати како „бодеги“ и ги нарекла „богеди“.
Нејзиниот коментар доаѓа во време кога популарноста на американскиот претседател Џозеф Бајден меѓу латиноамериканските гласачи опаѓа.
Една неодамнешна анкета покажа дека 26 отсто од Латиноамериканците, клучниот демократски гласачки блок, го одобруваат настапот на Бајден како претседател, што е помалку од 55 отсто една година порано.
NAHJ ја повика првата дама на САД да „одвои време за подобро да ги разбере“ Латиноамериканците.
„Нашето латино наследство е обликувано од различни дијаспори, култури и традиции на храна. Не сведувајте нè на стереотипи“, велат од индустриската групација.